Поврзете се со нас

Италија

Милан во преговори со Челси за ангажман фудбалер од средниот ред

Објавено

на

Од таборот на Милан влегле во преговори со Челси за летен ангажман на играч од средината на теренот.

„Скај Италија“ пренесува дека станува збор за Тему Бакајоко кој играше во редовите на Милан пред две сезони како позајмен фудбалер токму од Челси.

Италијанскиот клуб сега повторно сака да го ангажира Бакајоко на сличен начин, првично на позајмица, а потоа да добијат можност целосно да го откупат неговиот договор.

Милан е подготвен дап лати три милиони евра за позајмицата и дополнителни 35 милиони евра за да го купи.

Сезонава што измина играчот од средниот ред ја помина во редовите на Монако како позајмен фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни