Поврзете се со нас

Италија

Милан вечерва ќе ја објави конечната одлука околу иднината на Ибрахимовиќ

Објавено

на

Тимот на Милан денеска го игра последниот меч за оваа сезона и тоа против Калјари на „Сан Сиро“ од 20:45 часот.

Меѓутоа „росонерите“ освен што вечерва ќе ја завршат кампањата ќе ја објават и конечната одлука околу иднината на поранешниот шведски репрезенаттивец Златан Ибрахимовиќ. Имено според италијанските медиуми или поточно „Спорт Медијасет“ клубот ќе соопшти дека Ибрахимовиќ ќе остане во Милано и во наредната сезона.

Наводно Ибра ќе добие договор една плус една сезона со тоа што таа втората ќе зависи дали клубот ќе обезбеди место во ЛШ. Ветеранот ќе добие 5 милиони евра, сума која може да се зголеми (1 милион евра) ако се исполнат одредени бонуси.

Златан на почетокот на 2020 се врати во „црвено-црниот“ табор и на 17 мечеви даде 10 голови и запиша 5 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни