Италија
Милан со пресврт до дуел со Интер за пехарот во Супер Купот на Италија (ВИДЕО)
Екипата на Милан ќе го предизвика Интер во финале на Супер Купот на Италија.
„Црвено-црните“ во второто полуфинале се изборија за славје над Јувентус од 2-1 иако беа во негатива по првото полувреме. „Старата дама“ го доби првите 45 минути благодарение на погодокот на турскиот репрезентативец Јилдиз во 21 минута.
Јуве на стартот на вториот дел имаше можност да ја зголеми предноста, но откако тоа не го направи Милан буквално го дочека своите пет минути и од 71 до 76 го сврте резултатот во своја полза.
Пулишиќ со удар од белата точка израмни на 1-1 за да потоа набрзо Гати си постигне автогол по топката која ја испрати Муса.
До крајот немаше промени или поточно најголемата шанса за 2-2 не ја искористи дефанзивецот Гати во судиското продолжение.
Овој резултат воедно значи дека Консеисао имаше победничко деби на клупата на „росонерите“.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…