Поврзете се со нас

Италија

Милан со пресврт до 15. победа во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Милан ја забележаа 15. сезонска победа во Серија А и тоа на гостувањето кај Фрозиноне со резултат 3-2.

„Росонерите“ имаа успешен почеток и поведоа со погодокот на Жиру, но дозволија брзо домаќинот да се врати во игра, а во 65 минута да поведе со 2-1.

Ова за фаворитот беше сериозен предизвик на кој избраниците на Пиоли одговорија со голот на Габија во 72 минута, погодок на асистенција на Жиру. Во 80 минута Јовиќ доби шанса на местото на Пулишиќ и веќе во 81 минута српскиот напаѓач се најде на вистинско место за 3-2 и големи три бода на составот од Милано.

Милан сега има 49 бода, четири помалку од второпласираниот Јувентус кого утре го очекува дербито со Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни