Поврзете се со нас

Италија

Милан со понеделничка утеха за своите фанови: Го „врза“ најдобриот играч во првиот тим (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан влезе во катастрофален ритам и вчера претрпе трет пораз во низа во Серија А, неуспех кој беше надополнет со непријатна атмосфера на „Сан Сиро“ од најстраствените тифози на клубот.

Навивачите на Милан веќе немаат верба во актуелното раководство и го искажуваат незадоволството со низа протести, па во период во кој се чини дека клубот влегува од грешка во грешка, сега слободно може да се каже дека е комплетиран и еден важен потпис.

Тијани Рајндерс е убедливо најдобар играч на Милан оваа сезона и има круцијална задача во стартниот тим, па „росонерите“ решија да испорачаат мала понеделничка утеха до фановите, такашто ја објавија веста за негов нов договор.

Холанѓанецот стави потпис на нов договор до 2030-та година и во истиот е поправена неговата плата, што всушност е своевидна награда за се она што го прикажа од денот кога го облече дресот на Милан.

– Овој договор е голем комплимент за мојата игра, горд сум што го обновив договорот. Милан стана како мое семејство, со нетрпение ги очекувам следните сезони во овој дрес. Немав дилеми кога потпишував, Милан е мојот втор дом и многу сум среќен во клубот, – изјави Рајндерс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни