Поврзете се со нас

Италија

Милан со нова понуда лови напаѓач од Холандија

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан со неколку потези во овој преоден рок сака да ја размрда екипата за преостанатиот дел од сезоната, а една од желбите е да донесе нов напаѓач

„Росонерите“ се подготвени да се откажат од Алваро Мората кој треба да заврши во Галатасарај и талентираниот Франческо Камарда за кого е подготвена преселба во Монца, но калчолигашот е внимателен и нема да се откаже од Шпанецот пред да обезбеди адекватна замена.

Голема желба на Милан е 23-годишниот Сантијаго Хименез од Феенерод, играч за кој е испратена нова подобрена понуда според информациите на италијанските медиуми. Се споменува сума меѓу 32 и 35 милиони евра, но прашање е дали ова ќе биде доволно за клубот од Ротердам кој и претходно бараше 40 милиони евра за репрезентативецот на Мексико.

„Црвено-црните“ работат на повеќе зделки меѓу кои и продажбата на Томори во Тотенхем, па останува да се види дали Милан ќе ги заврши сите посакувани операции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни