Поврзете се со нас

Италија

Милан со интересна симболика ја најави важната вест за Ибрахимовиќ (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ го промени ликот на Милан откако се врати во овој клуб пред 14 месеци, а со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот на оваа сезона, клубот не чекаше последен момент и позитивно одговори на сите барања кои ги имаше Швеѓанецот.

Ибра и официјално ќе го гледаме во Серија А и во дресот на Милан и наредната натпреварувачка сезона, откако „Скај“ јавува дека сите детали за продолжување на соработката се договорени, информација за која прва најава пристигна и од клубот.

Според пишувањата на угледниот медиум, Ибра прифатил мало намалување на платата и следната сезона ќе има бруто плата од 6,5 милиони евра, со тоа што во договорот ќе има вклучено и бонуси за одредени остварувања во текот на сезоната.

Златан има постигнато 15 гола на 17 натпревари во Серија А оваа сезона, а потпишувањето на новиот договор значи дека Ибра ќе игра фудбал и на 40 години.

– Што се случува? , – запраша Милан на Твитер апострофирајќи ја буквата З, со што јасно најави дека ќе следи официјално соопштение во наредните неколку часа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни