Поврзете се со нас

Италија

Милан се врати од два гола негатива, Гинтер со урнебесен автогол предизвика ерупција на „Сан Сиро“ (Видео)

Објавено

на

Милан на ужасен начин го започна натпреварот против Верона и по првите 45 минути имаше негатива од 0:2, но повеќе загрижувачки беше тоа што тимот на Пиоли делуваше доста лошо на теренот и на моменти безидејно.

Головите на Капрари и Барак беа сериозен предизвик за „росонерите“, кои сепак успеаја да се приберат и разбудат во вториот дел, во кој режираа спектакуларен пресврт, трет денеска по оној на Специја-Салернитана и на дербито меѓу Лацио и Интер.

По трите извршени замени на Пиоли, Милан намали со голот на Жиру во 59-та минута, што се покажа како најава за целосен пресврт кој следеше во продолжение.

Кеси израмни од пенал на 2:2, а по влегувањето на Златан Ибрахимовиќ кој ја залечи повредата, урнебесен автогол си постигна дефанзивецот Гинтер.

Германецот со турско потекло реагираше катастрофално и на комичен начин си ја смести топката во својот гол, со што предизвика ерупција од радост на „Сан Сиро“.

Со остварената победа, Милан се искачи на врвот и ќе чека расплет од утрешниот меч меѓу Наполи и Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни