Поврзете се со нас

Италија

Милан се спасуваше од пораз во Салерно (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/SerieA

Екипата на Милан не успеа да слави на вечерашното гостување во Салерно кај најслабиот тим во актуелнава сезона-Салернитана.

Клубот од Милано важеше за фаворит, статус кој не го оправда и освои само бод (2-2). Томори во 17 минута погоди за водство на „црвено-црните“, но во финишот на првиот дел домаќините се вратија во игра со погодокот на искусниот Фазио.

Ова донесе дополнителна самодоверба кај избраниците на Инѕаги, па Кандрева во 63 минута постигна атрактивен гол за целосен пресврт.

„Росонерите“ потоа тргнаа на се или ништо, имаа неколку прилики, ама до израмнувачкиот гол дојдоа дури во 90 минута и тоа благодарение на Јовиќ.

Потоа шанса имаше капитенот Калабрија, но голманот на Салернината одбрани и резултатот остана непроменет 2-2.

Милан со 33 бода ќе го дочека последниот натпревар за оваа година, соочувањето со Сасуоло на „Сан Сиро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни