Милан се приклучува во трката за играч на Манчестер Јунајтед

leonardo-maldini

Од редовите на Милан пројавиле интерес за играчот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал.

„Тутомеркато“ пренесува дека клубот од Милано сака да ги засили своите редови со францускиот репрезентативец кој е во клинч со Жозе Мурињо.

Од Милан веројатно ќе си замине Сусо за кого има сериозен интерес од Рома, па така Марсијал би бил перфектна замена за него.

22 годишниот фудбалер претходно беше поврзуван со Јувентус, Челси, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид, но до трансфер не дојде.

Ќе видиме дали Мурињо ќе дозволи негова продажба со оглед на фактот што не донесе ниту едно офанзивно засилување во летниот преоден рок.

Facebook Коментари