Поврзете се со нас

Италија

Милан се пофали со продолжување на договорот на важен играч

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Раководството на Милан ги договорило деталите за продолжување на соработката со важен фудбалер во составот на Пауло Фонсека, па вечерва и официјално се пофали со деталите.

Матео Габија ќе остане член на „росонерите“ до 2029 година, со што клубот реши еден проблем кој се провлекуваше изминативе месеци, а дефанзивецот ќе може да се концентрира на својата иднина во црвено-црниот дрес.

Габија е продукт на младинската академија на Милан, но беше испраќан на заем во други клубови, пред да се врати на „Сан Сиро“ пред речиси една година и да ја добие довербата на тогашниот и сегашниот тренер.

Со настапите во клубот се избори и за повик во италијанската репрезентација, а медиумите тврдат дека ќе добива двојно поголема плата, односно 2,2 милиони евра по сезона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни