Италија
Милан се пофали со четвртото засилување, Ибрахимовиќ порача: Тимот е комплетиран
Екипата на Милан оваа вечер ќе ја започне новата кампања во Серија А и тоа со домашен меч против Торино, но како загревање за тоа што следува клубот од Милано го официјализираше четвртото летно засилување.
Нов член на поранешниот италијански и европски шампион е францускиот репрезентативец, Јусуф Фофана кој во новата средина доаѓа од Монако за пакет од 25 милиони евра.
Тој успешно ги мина медицинските прегледи и стави потпис на договорот до 30 јуни 2028 година.
-Со Фофана баравме играч од средниот ред кој носи рамнотежа во тимот. Тој е комплетен играч и може да ги прекине акциите. Ова беа едни од најдолгите преговори со кои моравме да се справиме, но тој конечно е тука, -рече Златан Ибрахимовиќ кој порача дека екипата сега е комплетна, односно дека нема да има нови засилувања.
-Тимот сега е комплетиран-подвлече Ибра.
„Црвено-црните“ претходно ги доведе Алваро Мората, Страхиња Павловиќ и Емерсон Ројал.
-
Лига на шампионипред 22 часа
Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)
-
Светпред 21 час
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Шпанијапред 18 часа
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Светпред 18 часа
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Лига на шампионипред 19 часа
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа
-
Светпред 11 часа
Јасикевичиус го потврди трансферот на Марјановиќ: Сакаме Бобан да биде Бобан
-
Англијапред 9 часа
Гол шоу на „Олд Трафорд“: „Седумка“ на Јунајтед во Лига Купот
-
Балканпред 15 часа
Станковски испрати порака на промоцијата во новиот клуб: Тоа е една од моите цели во кариерата