Поврзете се со нас

Италија

Милан се откажува од Пиоли, две имиња се во игра

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан игра турбулентна сезона, сезона во која има подеми, падови и тоа може да му донесе отказ на тренерот Стефано Пиоли.

Последниот удар е секако елиминацијата од Лига Европа, натпреварување во кое „росонерите“ имаат статус на еден од фаворитите за пехарот, но на нивниот пат застана Рома која успеа да ги добие како на „Сан Сиро“ така и на „Олимпико“.

Овој неуспех може и да му пресуди на Пиоли кој во неколку наврати се има спасувано во слично ситуации, меѓутоа полека и навивачите се против него, а и медиумите веќе зборуваат, споменуваат имиња за негови наследници.

Според „Калчомеркато“, управата на клубот од Милано сака да го замени Пиоли со Паоло Фонсека, актуелниот тренер на Лил. Португалецот добро го познава италијанскиот фудбал со оглед на тоа што има работено во Рома, а низ досегашната кариера има водено и екипи како Порто, Брага и Шахтјор Доњецк.

Друг кандидат е Игнасио Абате кој го предводи Примавера составот на Милан со кого има добри резултати. Имено тој ги однесе надежите до финалето на ЛШ во кое за титула ќе мора да биде совладан Олимпијакос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни