Поврзете се со нас

Италија

Милан се откажа од Супер лигата, Јувентус се помири со победата на УЕФА (Фото)

Објавено

на

Милан е последниот клуб кој се приклучи во откажувањата од Супер лигата, па така во овој момент, како активни членови на натпреварувањето фигурираат уште само три клуба, односно Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

По вчерашното повлекување на Англичаните стана јасно дека концептот на Флорентино Перез и Андреа Ањели е осуден на пропаст, па од почетокот на денот, веќе видовме и трето повлекување по оние од Интер и Атлетико Мадрид.

Милан излезе со официјално соопштение и потврди дека ја прифатил понудата за приклучување кон Супер лигата, но надополнува дека по сериозните протести и искажани реакции од фановите, сфатиле дека е ред да ги бранат интересите на навивачите кои се против формирањето на такво натперварување.

„Росонерите“ потврдија дека се откажуваат од Супер лигата, по што следеше соопштение и од Јувентус како единствен италијански претставник во Супер лигата во овој момент.

Италијанскиот првак не се повлекува од натпреварувањето, но потенцира дека во овој момент не постојат шанси за реализација на проектот откако во 24 часа, откажаа 9 од вкупно 12-те потписници.

– Јувентус останува убеден во исправноста на спортските, комерцијалните и правните рамки на проектот, но истовремено смета дека во овој момент постојан ограничени шанси за завршување на проектот во првично замислената форма, – гласи дел од соопштението на Јуве со кое станува јасно дека УЕФА сепак на крајот ја доби фудбалската војна која ја објавија 12-те фудбалски великани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни