Поврзете се со нас

Италија

Милан се откажа од напаѓачот кој требаше да го замени Жиру: Тој е минато…

Објавено

на

foto: x.com/acmilan

Милан ќе биде активен на трансфер пазарот, а една од позициите која дефинитивно ќе биде освежена, засилена е онаа напаѓачката каде се бара играч кој ќе може да донесе голови и ќе ја пополни празнината која настана со заминувањето на Оливие Жиру во Соединетите Американски Држави.

Долго време прв приоритет за „црвено-црните“ беше холандскиот репрезентативец Џошуа Зиркзе кој имаше добра сезона во Болоња со која обезбеди место во ЛШ.

Клубот од Милан беше подготвен да ја активира откупната клаузула, ама проблем беше провизијата која ја бараше агентот, долго време не можеше да се најде заеднички јазик и калчолигашот дефинитивно се откажал од Зиркзе.

-Како што реков претходно, го студираме пазарот, ама не се брзаме. Трансфер периодот е долг и можам да ветам дека ќе добиеме нови засилувања. Разговараме, но ништо не е комплетирано.

-Зиркзе е минато. Како што рече Пауло (Фонсека) имаме играч на ум. Нема да го кажам неговото име. Има некој, ајде да видиме, -истакна Златан Ибрахимовиќ на денешната промовија на новиот предводник на Милан.

Се споменуваат Алваро Мората и Ромелу Лукаку, додека пак Зиркзе според последните вести е на добар пат да заврши на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни