Поврзете се со нас

Италија

Милан се опушти и остана без победа на прошталниот меч на Пиоли и Жиру (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Милан не успеа да победа на последниот сезонски меч во оваа кампања, меч кој воедно беше последен за неколку имиња, фудбалери, но и за тренерот Стефано Пиоли.

„Росонерите“ водеа со 2-0 и 3-1 во соочувањето со Салернитана, но се опуштија во самата завршница и му дозволија на фенерџијата во шампионатот со два гола во 87 и 89 минута да дојде до 3-3 и избегне пораз на „Сан Сиро“.

Со ова се расипа убавата атмосфера, односно победничкото испраќање на Пиоли, но и на ветараните Жиру и Кјаер кои сигурно си заминуваат.

Останува да се види каква ќе биде иднината и на дел од преостанатите играчи, но и какви потези ќе повлече Милан во однос на тренерската позиција и трансферите.

„Росонерите“ се вицешампиони со 75 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни