Поврзете се со нас

Италија

Милан се огласи со соопштение по информациите за тензија меѓу Малдини и Леао

Објавено

на

Милан има доста проблеми на резултатски план во последното време што дефинитивно никој не ги очекуваше по минатата шампионска сезона.

Тренерот Стефано Пиоли ќе треба да најде формула со која ќе го врати составот на победнички патеки, но во исто време управата на клубот се обидува да реши и некои други отворени прашања како што е продолжувањето на соработката со Рафаел Леао.

Доста долго траат преговорите, не може да се затвори оваа тема, па реномираната „Газета Дело Спорт“ излезе со вест дека разговорите меѓу клубот и ѕвездата достигнале ќор-сокак затоа што Милан не сака да се откаже од клаузулата од 150 милиони евра, плус овој медиум порача дека имало многу тензија на последниот состанок меѓу фудбалерот и Паоло Малдини.

„Росонерите“ обично не реагираат на ваквите натписи, ама сега се огласија со соопштение во кое главната порака беше следна:

-Новинарскиот наратив за студена врска меѓу двете страни не само што е тотално неоснован, туку и штетен за клубот и играчот. Милан го продолжува својот дијалог со Леао и неговиот табор на мирен и професионален начин, -порачаа „црвено-црните“.

Португалецот има договор со калчолигашот до 30 јуни 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни