Италија
Милан сака да ангажира стопер на Тотенхем во јануарскиот преоден рок

Од таборот на Милан очајнички се обидуваат да ангажираат централен дефанзивец кој и тоа како им е потребен по повредата на Симон Кјаер кој ќе го пропушти останатиот дел од сезоната.
Англиските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ сега вниманието го насочиле кон стоперот на Тотенхем кој не е прв избор кај Антони Конте, Џафет Танганга.
Милан се интересира да го доведе 22 годишниот стопер на позајмица, но според тоа што досега е објавено, засега двете страни биле далеку од договор.
Во таборот на Антонио Конте наскоро од повреда се враќаат Ерик Даер и летното засилување, Кристијан Ромеро, па тоа може да го натера самиот играч да побара да биде пуштен во Милан каде сигурно би имал поголема минутажа.
Претходно тимот од Милано се поврзуваше со ангажман и на Ерик Баи од Манчестер Јунајтед и Абду Диало од ПСЖ, а интерес имаше за Свен Ботман од Лил, но трансферот на Холнаѓанецот е невозможен затоа што францускиот тим нема да го пушти да си замине сред сезона.
-
Англијапред 7 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 17 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 5 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 15 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 13 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Италијапред 4 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Францијапред 13 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!