Поврзете се со нас

Италија

Милан реагираше на планот за брза завршница на Копа Италија

Објавено

на

blank

Италијанските клубови од денеска имаат јасна визија за враќањето на натпреварите по долгата пауза поради коронавирусот, а планот на државата и фудбалските авторитети е враќање со италијанскиот куп на 13 јуни и рестарт на Серија А седум дена подоцна.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора најави густ распоред за учесниците во полуфиналето на купот, односно реванш на полуфиналните средби Наполи-Интер и Јувентус-Милан на 13 јуни и финале во Рим четири дена подоцна.

На ваквиот план веќе реагираше претседателот на Милан, Паоло Скарони кој во изјава за „АНСА“ посочил дека и покрај големиот ентузијазам за враќање на терените, календарот не смее да биде толку радикален.

– Го разбираме значењето на можноста да им понудиме квалитетни натпревари на фановите по долгата пауза, но од спортски аспект, за нас е спорно да се одлучува за важен трофеј како купот со два натпревара во три дена и тоа по период од три месеци без фудбал, – изјавил Скарони.

Се претпоставува дека министерот инсистира на брза завршница на купот поради фактот што тие натпревари би се пренесувале на националната „РАИ“, со што ќе бидат достапни на целата италијанска јавност. ТВ правата од Серија А и припаѓаат на друга телевизија.

Милан одигра со резултат 1:1 против Јувентус на домашен терен, но ќе се бори за место во финалето на Копа Италија на реваншот во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни