Поврзете се со нас

Италија

Милан пронајде поевтино засилување за стоперската позиција

Објавено

на

Италијанскиот шампион Милан остана без планираното засилување за централната дефанзивна позиција, односно Свен Ботман наместо на „Сан Сиро“ ќе заврши на „Сент Џејмс Парк“ или поточно во редовите на Њукасл.

Поради ова „росонерите“ почнаа да размислуваат за други имиња како Вилијам Салиба од Арсенал, Артур Теата од Болоња и Глејсон Бремер од Торино, листа на која сега е придодаде Франческо Ачерби од Лацио.

Според „Скај Спорт Италија“ калчолиашот сериозно размислува за Ачерби кој не е во добри одново со навивачите на лацијалите, па клубот е спремен да се ослободи од него ова лето. Фактот што е Италијанец дополнително носи поени за него и преселбата во Милан што всушност би било враќање на старото место со оглед на тоа што настапуваше за овој тим во сезоната 2012/2013.

Франческо има 34 години што значи ќе донесе и искуство, па останува да се види дали овие најави на медиумите можат да се остварат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни