Поврзете се со нас

Италија

Милан притиска за трансфер на ѕвезда на Болоња

Објавено

на

Фото: https://x.com/acmilan

Раководството на Милан веќе го обезбеди Кајл Вокер како големо засилување во јануарскиот преоден рок, но не планира да застане по овој успешен потег.

Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се обидуваат по секоја цена да го ангажираат и Рикардо Орсолини од Болоња, со што екипата ќе добие дополнително освежување за преостанатиот дел од сезоната.

Првата понуда на Милан била одбиена од Болоња, а според медиумите била составена од 18 милиони евра, плус Ноа Окафор, кој би заминал во спротивен правец.

Милан не планира да се откаже од Орсолини, а планот Б се состои од понуда од 20 милиони евра, плус трансфер на Окафор, па дури и евентуален заем за Самуел Чуквуезе, доколку таквиот предлог биде прифатен од Болоња.

Орсолини е еден од клучните играчи на Болоња, а единствен проблем сезонава му беа повредите поради кои пропушти неколку натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни