Поврзете се со нас

Италија

Милан прекрши малку познато правило во Серија А на гостувањето кај Удинезе

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан одигра речиси перфектен натпревар на „Фриули“ и убедливите 0:4 се најдобар доказ за тоа, но гостите не можеа целосно да се израдуваат на триумфот, а причина за тоа беше тешкиот судир меѓу Мењан и Хименез.

Голманот на Милан го извлече подебелиот крај по инцидентот во второто полувреме и мораше итно да биде пренесен во болница, каде по направените детални прегледи, за среќа беше утврдено дека Французинот нема посериозна повреда.

Мењан сигурно уште неколку дена ќе се опоравува од судирот со својот соиграч, а оваа страшна ситуација ни донесе и еден предвид на кој сигурно никој не размислуваше во даден момент.

Имено, Милан како клуб вчера прекрши малку познато правило во Серија А при повредата која ја заработи Мењан, бидејќи голманот беше испратен во болница со капитенската лента на својата рака.

Според прописите во италијанскиот фудбал, секој тим мора да има капитен на теренот во секој момент, но реалноста е дека Милан немаше таков лидер на теренот во последните 30-тина минути.

Непријатната повреда на Мењан ни донесе крајно бизарна ситуација во италијанската елита, па иако за вакви прекршоци е предвидена казна, истата нема да биде изречена поради фактот што главниот судија не забележал дека Милан игра без капитен во последниот дел од натпреварот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни