Поврзете се со нас

Италија

Милан преговарал со двајца дефанзивци, нивните клубови ги блокирале планираните трансфери

Објавено

на

Фото:https://twitter.com/acmilan

Милан го врати Матија Габија од Вилјареал во зимскиот преоден рок, но не успеа да ангажира уште еден дефанзивец како што посакуваше тренерот Стефано Пиоли.

„Скај Спорт Италија“ објави дека „росонерите“ биле блиску до ангажирање на двајца квалитетни фудбалери, но на крајот не успеаја да доведат ниту еден во Милано.

Беноа Бадијашил од Челси бил заинтересиран за заем во италијанскиот клуб, но периодов почна да добива минутажа во Челси и поради тоа премиерлигашот се откажал од варијантата да му дозволи полусезонски престој во редовите на Милан.

Слично сценарио се случило и со Клеман Ленгле, кој имал разговори со Пиоли и Џефри Монкада, бил расположен за заем во Милан, но Астон Вила не му дозволила да замине имајќи ја предвид неговата добра форма.

Претходно, раководството на Милан доби негативен одговор и од Торино, клубот кој реши да не го продава Алесандро Бонџорно во јануарскиот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни