Поврзете се со нас

Италија

Милан повторно не победи во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/acmilanbr

Милан игра променливо во актуелнава сезона, а тоа на крајот може да му донесе многу проблеми кога е во прашање Топ 4 пласманот во Серија А, односно местото во Лигата на шампионите во наредната кампања.

„Росонерите“ не успеаа да го освојат целиот плен на денешното гостување кај Болоња каде одиграа 1-1. Актуелниот шампион прими гол уште во 33 секунда преку Сансоне, но во финишот на првиот дел се врати во игра со одличниот погодок кој беше дело на Сансоне.

Сепак во вториот дел и покрај сите обиде не успеа да направи пресврт, па сега може да ја загуби четвртата позиција на табелата, односно Интер може да го мине градскиот ривал со славје над Монца на „Џузепе Меаца“.

.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни