Милан потврди дека Билја ќе паузира подолго

biglia1

Повредата на Лукас Билја е сериозна и мораше да биде санирана со оперативен зафат, а поради тоа Аргентинецот ќе паузира подолг период, потврди вечерва Милан.

Додека „росонерите“ гостуваат во Севилја за својот настап во Лига Европа, стана јасно дека Билја ќе паузира четири месеци, а причина е операцијата која денеска му била направена во Финска од истакнатиот хирург, Сакари Орава.

Билја ја заработил повредата на тренинг во текот на минатата недела.

Facebook Коментари