Поврзете се со нас

Италија

Милан под истрага за сопственичката структура, евентуални докази можат да донесат сериозни казни

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Раководството на Милан се најде под неочекуван притисок, откако финансиската полиција упаднала во клупските простории и запленила документи поврзани со сопственичката структура.

„Росонерите“ може да заработат и сериозна казна доколку некое од обвиненијата бидат докажани, а најголем дел од нив се поврзани со вредноста на клубот при претходната продажба, односно процесот на преземање на сопствеништвото меѓу „Елиот“ и актуелниот сопственик „РедБрд“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претрес е извршен и во домот на Извршниот директор, Џорџо Фурлани, а главното обвинение е дека актуелниот сопственик ефективно никогаш не го презел Милан, туку тој во позадина е управуван од претходниот сопственик „Елиот“.

„Елиот“ му овозможи заем на новиот сопственик од 550 милиони евра и тој треба да ги врати со камати до следната година, па обвинителството се сомнева и во начинот на кој е управуван клубот, но и пресметаната вредност при продажбата која наводно била многу повисока од реалната.

„РедБрд“ излезе со реакција во која тврди дека инвестицискиот фонд има во своја сопственост 99.93% од акциите и се друго е неточна информација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни