Поврзете се со нас

Италија

Милан победи на дербито во Рим, но тренерот Пиоли доби три лоши вести (Видео)

Објавено

на

blank

Милан ја оствари десеттата победа на гостински терен оваа сезона во Серија А, откако вечерва успеа да освои навистина големи три бода во дерби пресметката во домашното првенство.

По болниот пораз од Интер во миланското дерби, „росонерите“ успеаја да се консолидираат и одиграа фантастично прво полувреме против Рома, во кое реално заслужија и да имаат и покомотна предност од минималните 0:1. Стрелец на голот во овој дел од играта беше Кеси од белата точка, а на гостите од „Сан Сиро“ им беа поништени и два гола. Еден гол и беше поништен и на Рома, но „волчицата“ не заслужи израмнување со оглед на прикажаното на теренот.

Во вториот дел гледавме далеку подопадлив и поизрамнет дуел, но истото започна со лоша вест за Пиоли, кој во продолжение доби уште две полоши. Чалханоглу беше повлечен уште на полувремето поради проблеми со мускулот, а тоа продолжи и со Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ.

Двајцата напаѓачи на Милан прерано го завршија дерби натпреварот, со тоа што овој вториот успеа да постигне гол пред да излезе од игра. Рома израмни на 1:1 преку Верету во 50-та минута, Ибра беше повлечен шест минути подоцна и му го отстапи местото на Леао, а Ребиќ погоди за 1:2 во 58-та минута и овој погодок се покажа како клучен за конечниот исход.

После тоа, вториот напаѓач на Милан исто така беше изваден поради повреда и влезе Круниќ, по што во продолжение видовме две огромни шанси на Хенрик Мхитаријан. Ерменецот најпрво биеше за малку над голот, а потоа во судиското надополнување, од одлична позиција го погоди добро поставениот Донарума кој ја одбрани победата за својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни