Италија
Милан планира реконструкција со поранешен „тандем“ на Јувентус

Милан во Серџо Консеисао веќе го има вториот тренер сезонава, но раководството не е задоволно од Португалецот и неговите методи на работа и веќе размислува за следната опција.
Барем така тврдат дел од италијанските медиуми, кои најавуваат дека менаџментот и Златан Ибрахимовиќ планираат голема реконструкција.
Истата подразбира ангажирање на поранешниот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи, кој во меѓувреме работеше и во Тотенхем и во моментов е без ангажман. Паратичи заработи суспензија долга 30 месеци поради финансиските нерегуларности во периодот кога работеше во торинскиот клуб, но таа казна му истекува веќе во јули.
Во пакет со Паратичи би требало да дојде и искусниот Маурицио Сари, кого Паратичи го доведе во Јувентус, но таму не остана долго, а во моментов е без ангажман по „разводот“ со Лацио.
Паратичи и Сари би биле задолжени и за реконструкцијата на ростерот, но доколку оваа информација не остане само на ниво на шпекулација.
Покрај елиминацијата од Лигата на шампионите по двомечот со Феенорд, Консеисао ги иритира одговорните во Милан и со дел од своето однесување, но и конфликтот кој го отворил со неколку фудбалери.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!