Поврзете се со нас

Италија

Милан пикирал тренер на италијански ривал за свој иден тренер

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Релациите меѓу раководството на Милан и тренерот Серџо Консеисао не се на посакуваното ниво и се чини дека само голем пресврт може да го одржи Португалецот на актуелната позиција за следната сезона.

Поразот од Болоња беше уште еден удар за „росонерите“ во обидот да се приближат до Топ 4 зоната, а Златан Ибрахимовиќ и неговите соработници го губат трпението со Консеисао, кој истовремено има и темперамент поради кој се шпекулираше за конфликт со дел од играчите.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Консеисао може да биде отпуштен и во текот на сезоната, дека Мауро Тасоти е подготвен да биде привремена опција, а најновата информација е дека клубот има фаворит и за долгорочно решение.

Изборот паднал на Сеск Фабрегас, актуелниот тренер на Комо, кој очигледно го привлече вниманието на италијанскиот великан поради игрите на неговата екипа сезонава во Серија А.

Амбициозниот Комо добро им парираше на речиси сите претеденти за титулата, неодамна го победи Наполи, па Фабрегас може да добие понуда која веројатно тешко ќе може да ја одбие.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни