Поврзете се со нас

Германија

Милан остана со празни раце, Лајпциг успеа да дојде до потписот на „новиот“ Упамекано (ВИДЕО)

Објавено

на

Лидерот во италијанската Серија А, тимот на Милан не успеа да ја оствари зацртаната цел и го обезбеди потписот на талентираниот Мохамед Симакан.

„Црвено-црните“ подолго време го следеа Симакан и не криеја дека сакаат да го донесат во своите редови, но оваа битка ја загубија од бундеслигашот РБ Лајпциг кој според повеќе извори го доби потписот на 20-годишниот Французин.

Стразбур ќе добие 15 милиони евра, а Симакан ќе остане во оваа средина до крајот на летото по што ќе замине во Германија. Во таборот на „биковите“ тој ќе треба да го наследи Дајо Упамекано кој е на излезни врати, поточно има голем интерес од Баерн Минхен кој во него гледа замена за Давид Алаба, но во игра се уште неколку премиерлигаши и се чини само прашање е на време кога ќе биде објавен трансферот во друга екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни