Италија
Милан остана без важен играч за дерби средбите со Јувентус, ПСЖ и Наполи

Продолжува серијата повреди на фудбалерите кои периодов имаа обврски со своите репрезентации, а една од нив е поврзана со новата ѕвезда на Милан.
Италијанскиот клуб одреден период нема да смета на Самуел Чуквуезе, кој заработил повреда на квалификацискиот натпревар меѓу Нигерија и Мозамбик.
Првичните информации се дека Чуквуезе ќе паузира најмалку еден месец, а Милан допрва ќе го испрати на детални прегледи, по кои ќе бидат познати и повеќе детали.
Она што е јасно е дека Чуквуезе нема да биде во комбинација за претстојното италијанско дерби со Јувентус, дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите, како и пресметката со шампионот Наполи во домашниот шампионат.
Милан против Јувентус нема да смета ниту на суспендираните Мењан и Ернандес, како и повредените Лофтус-Чик и Круниќ.
-
Англијапред 14 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 22 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Италијапред 16 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 18 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 23 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 15 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Балканпред 17 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Шпанијапред 24 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)