Милан остана без ЛШ, Интер ја спаси Џенова на Пандев (Видео)

Ikardi-Empoli

Многу возбудувања и пресврти донесоа натпреварите од последното коло во Серија А, на кои екипите имаа мотив за да стигнат до позитивен резултат, а на крајот Интер и Аталанта си обезбедија место во Лигата на шампионите.

Аталанта имаше негатива против Сасуоло, но направи пресврт и славеше со 3:1, додека Интер со многу среќа го победи Емполи со 2:1 и на тој начин го потврди третото место на табелата. Балде и Наинголан беа стрелци за домаќините, Траоре погоди за Емполи, а Икарди не реализираше пенал кој можеше порано да ја реши драмата. Милан успеа да го совлада СПАЛ со 3:2 на гостувањето во Ферара, но и покрај триумфот, „росонерите“ повторно останаа без пласман во Лигата на шампионите.

Џенова на Горан Пандев успеа да обезбеди опстанок на среќен начин, бидејќи Емполи имаше неверојатни шанси во завршницата против Интер и ако постигнеше гол, ќе си обезбедеше опстанок, додека бодот на Џенова против Фиорентина (0:0) беше доволен за тимот на Чезаре Прандели да остане во Серија А поради подобриот меѓусебен дуел со Емполи.

ЛШ: Јувентус, Наполи, Аталанта, Интер
ЛЕ: Милан, Рома, Лацио
Серија Б: Киево, Фрозиноне, Емполи

Facebook Коментари