Поврзете се со нас

Италија

Милан официјално го откупи договорот на Ребиќ од Ајнтрахт

Објавено

на

Милан вечерва официјално потврди дека го откупил договорот на Анте Ребиќ и тој станува член на „росонерите“.

Хрватот импресионираше на „Сан Сиро“ откако минатата сезона дојде како позајмен играч од Ајнтрахт, па си обезбеди подолг престој во италијанскиот клуб.

Во договорот беше вклучен Андре Силва кој замина во редовите на Ајнтрахт, а Германците исто така решија да го откупат неговиот договор од Милан.

Од трансферот ќе профитира и Фиорентина, откако „виолетовите“ му дозволија на Ребиќ да замине во Франкфурт за само 2 милиони евра, но сега ќе добијат меѓу 30 до 50 проценти од сумата која Милан ќе ја плати за неговите услуги.

Минатата сезона Ребиќ постигна 12 голови и забележа 4 асистенции во дресот на Милан, а сега потпишал договор до 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни