Милан со нов спонзор и во ново руво по цели 20 години: „Росонерите“ раскрстија со „Адидас“ (Фото)

spal-milan

Милан и „Адидас“ имаа успешна соработка во изминативе 20 години, но со оглед на тоа што германскиот бренд во 2013 година вклучи клаузула за предвремено раскинување на иситот во случај на взаемна одлука, истиот сега го доби својот крај пет години порано од предвиденото.

По цели 20 години во кои „Адидас“ едноставно беше синоним за фудбалскиот гигант од Милано, „росонерите“ одлучија да направат нов чекор во маркетиншки и спонзорски аспект, па така денеска објавија дека по крајот на оваа сезона ќе бидат преземени од вториот најголем германски бренд, „Пума“.

– Пума и Милан денеска ја официјализираа взаемната соработка која ќе трае во наредните години. Со ова зближуваме два страствени и историски брендови во едно. Долгогодишниот договор ќе започне на 1 јули и Пума ќе стане наш официјален партнер, глобален партнер и спонзор. На овој начин, Милан станува дел од импресивниот ростер на клубови со кои Пума има договор, вклучувајќи ги Борусија и Арсенал, – се вели во соопштението на „росонерите“ во кое сепак не се откриваат финансиски детали и колку точно години ќе изнесува договорот.

Facebook Коментари