Италија
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“

Милан дефинитивно е клубот кој е најактивен на трансфер пазарот во јануарскиот преоден рок.
„Росонерите“ досега го ангажираа Меите од Торино, а се очекува само официјална промоција на Марио Манџукиќ кој ќе го засили нападот на тимот предводен од Стефано Пиоли.
При крај е и договорот со Члеси за услугите на Фикајо Томори кој ќе пристигне како позајмен фудбалер со право на откуп на неговиот договор и се очекува младиот стопер во следниот период да пристигне во Милано.
Сега, „Газета дело Спорт“ пишува дека од Милан преговараат и со Барселона за ангажман на нивниот фудбалер, Жуниор Фирпо.
Станува збор за лев бек кој не се снајде на „Камп Ноу“ и кој би можел да си оди од клубот оваа зима. Милан има недостиг од леви бекови затоа што на таа позиција го има само Тео Ернандез кој сега е надвор од составот поради позитивен тест на Ковид-19, а него го менува Диого Дало чија примарна позиција е десен бек.
Исто како и со Томори, Милан ќе се обиде да го ангажира Фирпо на позајмица со можност за целосен откуп на неговиот договор во летниот преоден рок.

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 24 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!