Милан со најголема финансиска загуба во својата историја

milan

Италијански Милан нема проблеми само со резултатите во Серија А, туку и со финансиските резултати кои покажуваат загуба каква што клубот немал во својата богата историја.

Официјалниот биланс вели дека во сезоната 2018/19, Милан направил загуба од 148 милиони евра, а до денеска таа сума достигнала 156 милиони евра.

Покрај тоа што зголемил дел од своите трошоци, Милан не игра во Лигата на шампионите и воопшто во европските купови, плати сериозни пари за многу трансфери, а заработи многу помала сума од продадените играчи.

Инвестицискиот фонд Елиот кој е актуелен сопственик инвестираше сериозна сума во клубот, но и тоа не го спаси од непријатна ситуација во која долгот е далеку од дозволениот и сигурно ќе му создава проблеми на Милан уште долго време.

 

Facebook Коментари