Поврзете се со нас

Италија

Милан на „млазен погон“: Тео тргна несопирливо во контра, Леао и пресуди на Аталанта (Видео)

Објавено

на

Милан е тимот кој најдобро го одржува чекорот со Наполи и вечерва стигна до шеста победа во новата сезона, бидејќи „росонерите“ ја продолжија серија без пораз и во дербито во седмото коло.

Тимот на Пиоли не можеше да замисли подобар старт во Бергамо и поведе со 0:1 по само 28 секунди игра, кога стрелец на погодокот беше дефанзивецот Калабрија. Раниот гол беше тежок удар за домашната Аталанта, која иако се обиде да реагира наметнувајќи свое темпо, доживеа нов шок пред крајот на првиот дел.

Тонали зголеми на 0:2 во 43-та минута, а се чини, дефинитивниот удар го даде двоецот кој во последно време игра како да е на „млазен погон“.

Леао и Тео Ернандес беа креатори на молскавичната контра во 78-та минута, во која дефанзивецот извонредно проби, а напаѓачот маестрално погоди за 0:3.

По високото водство, избраниците на Пиоли се опуштија до крајот, па во самата завршница, Аталанта се избори за достоен пораз со два гола на Запата и оној на Пашалиќ во завршните секунди (2:3).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни