Поврзете се со нас

Италија

Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер

Објавено

на

Интер е блиску до освојување на титулата во Серија А, а неговиот градски ривал уште отсега се обидува да направи подобра екипа за следната сезона.

Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ му понудиле двегодишен договор на Данило Д’Амброзио, кој во јуни станува слободен агент, а очигледно не добил можност да ја продолжи соработката со „нероаѕурите“ според сопствените амбиции.

Интер му понудил едногодишен договор на 32-годишниот бек, а тоа веројатно не е најприфатлива опција за искусниот фудбалер.

Ситуацијата се обидува да ја искористи Милан и тоа со двегодишен договор и солидни финансиски услови, што може да биде доволно Д’Амброзио да се пресели во големиот градски ривал.

Д’Амброзио сезонава забележа 15 настапи во Серија А, а во Интер дојде од Торино во 2014 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни