Поврзете се со нас

Италија

Милан мерка две засилувања во зимскиот преоден рок

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан има проблем со констатноста во настапите во досегашниот дел на оваа сезона, поточно нешто недостасува за да биде онака како што посакува управата на „Сан Сиро“.

Токму поради ова „росонерите“ се подготвуваат за активен зимскиот преоден рок во кој ќе бидат доведени најмалку две засилувања. Ќе има освежувања на средината на теренот и во дефанзивата, а според „Газета Дело Спорт“ на листата на желби се двајца играчи кои настапуваат во Серија А.

Се работи за 21-годишниот Варен Бондо од редовите на Монца и левиот бек на Емполи, Џузепе Пецела.

Бондо во досегашниот дел на кампањата има одиграно 14 средби за Монца, Пецела пак исто е стандарден за Емполи со 13 мечеви во сите натпреварувања и 2 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни