Милан конечно врза три победи по ред, Ребиќ ја откри причината за тоа

rebic2

Тимот на Милан славеше тешка победа против Удинезе (3:2), а јунак на тој натпревар беше хрватскиот интернационалец, Анте Ребиќ.

Офанзивецот постигна два погодоци кои воедно беа први негови во дресто на Милан по неговиот трансфер од Ајнтрахт минатото лето.

По натпреварот, Ребиќ посочи дека доаѓањето на искусните фудбалери дефинитивно ја променило атмосферата во тимот и токму затоа Милан почнал да победува.

– Задоволен сум затоа што конечено покажав што можам. Сега имаме неколку нови важни играчи како што се Ибрахимовиќ, Кјаер и Беговиќ. Тројцата многу ни помагаат и ни даваат совети. Тоа го пренесуваме на терен, а резултатите се видливи,-порача Ребиќ.

Facebook Коментари