Италија
Милан комплетираше важен трансфер и доби големо засилување во нападот

Милан успешно ги комплетираше преговорите со Феенорд и во финишот на преодниот рок доведе сериозно засилување за екипата на Серџо Консеисао.
„Росонерите“ го договориле трансферот на Сантијаго Хименез и Мексиканецот уште денеска треба да пристигне во Милано, каде ќе биде промовиран во новиот дрес откако ќе ги помине и медицинските прегледи.
Феенорд ќе заработи околу 35 милиони евра за овој трансфер, а интересно холандскиот клуб го испрати својот најдобар фудбалер во редовите на следниот противник во Лигата на шампионите.
Вчерашната ждрепка одлучи токму Милан и Феенорд да се соочат во двомечот од плејофот за место во осминафиналето на Лигата на шампионите, па со овој потег италијанскиот тим дефинитивно ќе биде голем фаворит во ова соочување.
Хименез утре ќе го следи градското дерби со Интер од трибините, а очекувањата се дека може да дебитира за Милан веќе во среда, кога избраниците на Консеисао ќе се соочат со Рома во Купот.
🚨💣🚨💣🚨 | 𝐂𝐎𝐍𝐅𝐈𝐑𝐌𝐄𝐃: SANTIAGO GIMÉNEZ WILL SIGN A FOUR-AND-A-HALF-YEAR CONTRACT WITH #ACMILAN. ✍️🔴⚫️
🗞: @MatteMoretto pic.twitter.com/0zvzedjyHR
— Milan Xtra (@MilanXtra) February 1, 2025
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија23 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Англија24 часа
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Свет23 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија18 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа