Поврзете се со нас

Италија

Милан ќе се ослободи од Круниќ за да инвестира во нов напаѓач

Објавено

на

Фото:https://twitter.com/acmilan

Раководството на Милан веќе сериозно размислува за продажба на Раде Круниќ и репрезентативецот на БиХ веројатно ќе го напушти италијанскиот тим уште во јануари.

Фенербахче одамна е заинтересиран за играчот за врска, но Стефано Пиоли не му дозволи трансфер во летниот преоден рок, за сега и самиот тренер да ја прифати сугестијата на менаџментот и да прифати разделба со искусниот фудбалер.

Турскиот клуб без проблем ќе плати 6 милиони евра, но Милан очекува сума поблиска до поставената цена од 10 милиони, односно компромис кој ќе овозможи реализација на трансферот во зимскиот преоден рок.

„Росонерите“ планираат да ги употребат овие средства за да го финансираат многу поскапиот трансфер на засилување за нападот, без разлика дали за тоа ќе се чека и летниот преоден рок.

Во прв план е Џонатан Дејвид од Лил, но Милан ја следи и ситуацијата со Серу Гираси од Штутгарт, кој има помала откупна клаузула во договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни