Италија
Милан ќе се ослободи од играчот кој му даде два гола на Сити

Поранешниот италијански шампион Милан се обидува да донесе уште неколку засилувања, ама во исто време сака да се ослободи од играчите кои се прекубројни и не се во плановите на тренерот Пауло Фонсека.
Понекогаш и добрите настапи на подготовките не се доволни за да добиете шанса во голем клуб како Милан и потврда за тоа е ситуацијата со младиот Лоренцо Коломбо.
Коломбо му даде два гола на Манчестер Сити во пријателскиот меч пред неколку дена (3-2), меѓутоа клубот сака да се ослободи од него и според информациите ќе заврши во Емполи.
Се работи за позајмица и опција договорот да биде откупен. Лоренцо е дете на „црвено-црните“, но никогаш нема добиено вистинска шанса и во изминативе години беше испреќан на позајмици во Кремонезе, СПАЛ, Лече и Монца.
Инаку тој е под договор со актуелниот тим до 30 јуни 2028 година.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија24 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)