Поврзете се со нас

Италија

Милан ќе пријавува нов голман за ЛШ поради повредата на Мањан

Објавено

на

Повредата на Мајк Мањан бара принудна пауза за францускиот голман од неколку недели, а тоа создава проблем за Милан во пресрет на последните натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите.

Мањан заработи повреда при настап за француската репрезентација и веќе ја започна рехабилитацијата, а лекарскиот тим на Милан ќе треба да потврди какви се прогнозите за враќање на терените на важниот член на италијанскиот првак.

Милан има пријавено само двајца голмани за ЛШ, со што единствен избор за тренерот Пиоли би бил ветеранот Антонио Миранте, па „росонерите“ можеби ќе бидат приморани да сметаат токму на него на дербито со Челси.

Сепак, постојат шанси Милан да пријави уште еден голман, бидејќи правилото на УЕФА вели дека тоа може да се направи за голманската позиција, во случај да има лекарски потврди дека пријавениот фудбалер ќе паузира повеќе од еден месец.

Доколку се реализира оваа опција, Милан ќе го пријави Чипријан Татарушану, кој првично извиси од списокот поради поголемиот ростер и ограничувањата за бројот на регистрирани фудбалери.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни