Поврзете се со нас

Италија

Милан ќе ја активира откупната клаузула за наследникот на Жиру

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан нема повеќе да може да смета на Оливие Жиру кој се реши да се пресели во Соединетите Американски Држави или поточно да отвори ново поглавје во кариерата.

Повеќе од јасно беше дека „росонерите“ ќе мора да се активираат на пазарот и пронајдат соодветна замена, па дефинитивно се активни и веќе имаа идентификувано конкретна цел, играч кој треба да слета на „Сан Сиро“, играч за кој се подготвени да ја активираат откупната клаузула од 40 милиони евра.

Се работи за 23-годишниот Џошуа Зиркзе од Болоња, офанзивец кој имаше квалитетна сезона во тимот кој беше најголемо, најпријатно изненадување во Серија А.

Милан стапил во контакт со Болоња и ја информирал за плановите околу клаузулата и сега „црвено-црните“ ги договараат личните услови.

Холанѓанецот ја заврши натпреварувачката 2023/2024 со учиник од 12 гола и 7 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни