Поврзете се со нас

Англија

Милан ќе испрати дефанзивец во Премиер лигата

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Раководството на Милан не е презадоволно од настапите на Фикајо Томори, а потврда за тоа беа и честите шпекулации за негова продажба уште во јануарскиот преоден рок.

„Росонерите“ планираат неколку сериозни засилувања, па потребно е истите да бидат финансирани од одредена продажба, а се чини дека покрај Алваро Мората, најблиску до заминување од Милано е токму Томори.

Англискиот стопер се поврзува со враќање во Премиер лигата и трансфер во редовите на Тотенхем, клуб кој е подготвен да плати 25 милиони евра за дефанзивецот.

Тотенхем има многу проблеми поради големиот број повредени играчи, а се надева дека искуството на Томори ќе му помогне на менаџерот Постекоглу да ја стабилизира екипата до крајот на сезоната.

Претходно Томори беше поврзуван со трансфер во Јувентус, но таа зделка меѓу ривалските екипи не беше докрај реализирана.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни