Поврзете се со нас

Италија

Милан ја потврди разделбата со тренерот Пиоли

Објавено

на

Фото:https://twitter.com/acmilan

Стефано Пиоли нема да биде тренер на Милан следната сезона, откако италијанскиот клуб денеска го потврди тоа со официјално соопштение.

Човекот кој му донесе титула во Серија А на Милан пред две сезони не ги задоволил очекувањата на раководството, па Милан наскоро ќе објави кој ќе го замени.

Пиоли го водеше Милан пет сезони, го извлече најдоброто од играчи како Леао, Ернандес и други, важен успех беше и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Засега не е јасно кој ќе го наследи досегашниот тренер, а Пиоли ќе може да се збогува со фановите во последното коло Салернитана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни