Поврзете се со нас

Италија

Милан ја освои Верона: Магична топка на Фофана и мајсторска реализација на Рајндерс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Фудбалерите на Милан дојдоа до посакуваните три бода на вечерашното гостување кај Верона на стадионот „Марк’Антонио Бентегоди“.

„Росонерите“ по половина час го загубија Леао поради повреда, но без разлика на тоа во продолжението пронајдоа начин да дојдат до трите посакувани бода.

Клучниот момент се случи во 56 минута кога летното засилување Фофана испрати „топка со очи“ за холандскиот репрезентативец Рајндерс кој уште еднаш потврди дека е најконстатниот играч на Милан и со мајсторска реализација погоди за водство кое на крајот се покажа и како пресудно за освојување на трите бода.

Ова за Рајндерс беше 4 лигашки погодок во кампањата 2024/2025.

Четата на Фонсека со 26 бода е на седмото место на табелата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни