Поврзете се со нас

Италија

Милан ја наполни мрежата на Сасуоло за следна фаза во Копа Италија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Второлигашот Сасуоло не успеа да му создаде проблеми на фуриозниот Милан на „Сан Сиро“, па фаворитот со убедливи 6:1 го потврди пласманот во следната фаза на Копа Италија.

Милан не ги разочара своите фанови со комбиниран, но силен состав, на дуелот на кој влезе како голем фаворит, а уште на полувреме имаше водство од 4:0.

Серијата ја отвори Чуквуезе, Рејндерс зголеми, по што Чуквуезе го постигна својот втор гол, за Леао да ги постави 4:0 на полувреме.

Калабрија и Ејбрахам се запишаа во листата на стрелци во продолжението, додека Мулатиери реализираше во единствениот случај за гостите од Сасуоло.

Противник на Милан во четвртфиналето ќе биде подобриот од соочувањето на Рома и Сампдорија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни