Милан ја доби македонската пресметка во Словачка: Ристовски двапати го матираше Илиев (Bидео)

milan ristovski

Милан Ристовски ја доби македонската пресметка против Дејан Илиев и Славчо Војнески во словачкиот фудбалски шампионат.

Имено Ристовски со Нитра славеше над Серед со 3-2, а клучна улога имаше токму младинскиот репрезентативец. Милан кој оваа сезона настапува во оваа средина како позајмен играч од Ријека даде два погодоци во 49 и 67 минута со што му овозможи на својот клуб да дојде до водство од 3-0.

Во продолжение гостите успеаа да дадат два гола и на тој начин да се избора да подостоен пораз на овој натпревар. Ова за Нитра беше прв триумф во четвртото коло во новата сезона.

Facebook Коментари